„Ел Класико“ веќе започна. Синоќа и Реал и Барселона забележаа победи по пресврт, но тие се небитни, бидејќи она вистинското престои во вторник.
„Кралевите“ го свртеа резултатот во Ла Коруња каде по традиција тешко победуваат. Откако во тимот влезе Роналдо гледавме сосема друга екипа, додека Ди Марија во финишот на мечот заработи црвен картон.
„Ќе биде голема вест кога ќе завршиме со 11 играчи. Ди Марија не го заслужи исклучувањето, но се навикнавме на вакви работи“ – изјави Каранка, помошникот на Мурињо.
Барселона исто така бркаше резултат против Севиља каде на полувремето имаше еден гол негатива.
„Знаевме дека ќе биде тешко, поготово бидејќи бевме во шок по Лигата на шампионите, но тимот покажа како може да се бори“ – изјави Лео Меси.
Првиот дуел од Купот меѓу Реал и Барса заврши со резултат 1:1, а многу се зборуваше за кавгата помеѓу Меси и Каранка. Наводно аргентинецот го нарекот Каранка, „Куклата на Мурињо“.
„Знаете што? Кога ќе видам од кој и од каде доаѓаат вакви приказни, не обраќам многу внимание кон нив“ – додаде Меси.