Меси најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите

Од:

Најдобриот фудбалер на Барселона, аргентинскиот интернационалец Лионел Меси синоќа во Никозија против Апоел постигна три голови и стана најефикасен играч во историјата на Лигата на шампионите со 74 погодоци.

Втор на оваа листа се наоѓа поранешниот капитен на Реал Мадрид, Раул Гонзалес кој 71. пат реализирал во елитното натпреварување.

Најголемата закана за достигнувањето на Меси доаѓа од ѕвездата на Реал, Кристијано Роналдо кој досега во ЛШ има дадено 70 голови, а оваа бројка може да ја зголеми уште вечер, бидејќи неговиот тим го очекува натпревар со Базел на гостински терен.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска