Меси: Ќе играм за Барселона онолку долго колку што клубот посакува

Од:

Еден од најдобрите играчи во светот Лионел Меси, ги отфрли шпекулациите дека би можел да ја напушти Барселона и да прејде во Манчестер Сити, истакнувајќи дека е многу среќен во Каталонија.

Британските медиуми објавија дека менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола се обидел да го искористи пријателскиот однос со Аргентинецот за да ја добие неговата согласност да направи трансфер за рекордни 114 милиони евра.

– Јас секогаш кажувам дека Барселона се ми има дадено и дека ќе бидам дел од клубот, се додека тука сум пожелен. Премиер лигата е силно и непредвидливо првенство што најдобро се виде минатата сезона кога Лестер беше шампион. Сигурен сум дека Гвардиола ќе биде успешен, изјави Меси за списанието „Тренер“.

Меси веќе подолго време е во преговори со каталонскиот клуб околу продолжување на соработка која истекува во 2018 година, но нема напредок во преговорите.

Тој целата своја кариера ја помина во Барселона, освои се што можеше, вклучувајќи осум титули во шпанската Примера и четири трофеи евроспки првак, додека индивидуалниот план доби рекордни пет „Златни топки“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска