Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси пред синоќешниот куп-натпревар против Малага, на „Камп Ноу“ во Барселона, ги претстави освоените „Златни топки“ кои му беа доделени на изборите за најдобар фудбалер за 2009, 2010, 2011 и 2012 година.
Аргентинскиот интернационалец во дресот на Барса е единствениот кому досега му успеало четири пати да биде прогласуван за светски фудбалер број 1.
Токму Меси синоќа беше стрелец на еден од двата гола со кои Барселона одигра нерешено 2:2 против Малага.