Меси е подготвен за Баерн Минхен

Од:

Сите во таборот на Барселона, заедно со огромниот број на фанови можат да здивнат бидејќи најдобриот фудбалер на денешнината, аргентинскиот ас Лионел Меси ќе биде фит за настап во полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

На нецела недела пред првиот полуфинален дуел против новиот шампион на Германија, Меси доби зелено светло од медицинскиот тим на Каталонците.

Претстојниот вторник Барселона гостува на „Алијанц“ арена во Минхен, а Меси ќе му биде на располагање на Тито Виланова, откако закрепна по повредата на бутниот мускул.

Меси, кој тренираше под посебен режим одвоено од преостанатиот дел од тимот, го пропушти неделниот дуел против Сарагоса, но се очекува да добие одредена минутажа на мечот против Леванте претстојниов викенд, пред заминувањето за Германија.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска