Меси доби мурал на 22-катница во родното Росарио

Од:

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Лионел Меси, во родното Росарио доби мурал висок дури 69 метри.

Графитот наречен „Од друга планета, од мојот град“, на 22-катница го насликаа локалните уметници Марлен Зуриага и Лисандро Уртеага.

Меси е насликан со рака на срцето под силни сончеви зраци со капитенската лента во аргентинскиот дрес со бројот 10.

Муралот е дел од поширок проект, наречен „Common Messi“, кој има за цел да ги прошири сликите со ликот на фудбалската ѕвезда родена во Росарио на сите згради во градот.

Меси првите фудбалски чекори ги направи во локалниот клуб Грандол, од каде на шестгодишна возраст се пресели во аргентинскиот прволигаш од Росарио, Невил Олд Бојс.

Во 2000-та година замина за Барселона, а во август годинава потпиша договор со париски ПСЖ.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот