Меси доби дел од музејот на Барселона

Од:

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси од својот клуб Барселона доби посебен дел во клупскиот музеј.

Барселона на првиот спрат од музејот одвои 70 квадратни метри на кои се изложени најголемите признанија што ги има добиено Аргентинецот, а тоа се четирите Златни топки и двете Златните копачки.

Делот посветен за Меси веќе е отворен за посетители, навивачи и обожаватели на Меси.

26-годишниот Меси во сениорскиот тим на каталонскиот клуб е од 2004 година. На 246 натпревари има постигнато 215 голови.

Музеј во кој голем дел ќе биде посветен на Меси се гради и во неговиот роден град Росарио, Аргентина. Овој музеј се очекува да биде отворен во 2015 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска