Ѕвездата на Барселона и еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња Лионел Меси демантира дека се повлекува од аргентинската репрезентација.
Првите шпекулациите за напуштање на националниот тим се појавија по поразот на „гаучосите“ во финалето на Копа Америка.
Меси беше критикуван од аргентинските медиуми по поразот од Чиле, а некои му порачаа да се повлече од националниот тим.
– Никогаш не сум изјавил дека веќе нема да играм за Аргентина. Медиумите не можат да ме убијат повеќе од тоа што веќе го направија. Се навикнав на тоа. Се додека селекторот ме повикува јас ќе бидам дел од репрезентацијата, изјави Меси.
Тој досега за Аргентина одиграл 103 натпревари и постигнал 46 погодоци.