Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси изрази голема желба со националниот тим да го освои шампионскиот трофеј на претстојното Светско првенство.
За тоа колку му значи трофејот од Мундијалот покажува и неговата изјава дека би ја менувал шампионската титула од Примера освоена со Барселона, за престижниот пехар од СП.
– Да се освои Светското првенство е нешто единствено. Би ја менувал титулата освоена со Барселона за мундијалската. Работиме напорно, имаме квалитетни играчи и искуство. Не можеме да кажеме дека сме најдобри, но сигурно сме меѓу најдобрите, изјави Меси.
Светското првенство во Русија почнува на 14 јуни и ќе трае до 15 јули.
Аргентина е во група со Хрватска, Исланд и Нигерија.
Аргентина има две светски титули (1978 и 1986), а ги изгуби финалињата во 1990 година и во 2014 година.