Меси бара повисока плата заради Нејмар

Од:

На само две седмици пред почетокот на новото првенство во Примера Дивизија, шампионот Барселона се соочува со проблеми поврзани со двајцата свои најдобри играчи Лионел Меси и Неимар.

Меси е уверен дека Бразилецот заработува повеќе од него и побара да му биде ревидиран неговиот договор, иако пред само половина година Аргентинецот потпиша нов договор со каталонскиот клуб со кој доби зголемување на примањата.

Дали ова се првите знаци на нетрпение меѓу двете големи ѕвезди на Барселона останува да покаже времето.

За разлика од Меси, Неимар се соочува со здравствени проблеми. Конкретно нему му е дијагностицирана анемија поради што е ставен на посебен третман со витаминска исхранa со цел да ја поврати силата и да биде подготвен за стартот на новата сезона во шпанскиот фудбал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска