Мејвејдер доби понуда од 120 милиони долари да боксува со Пакјао

Од:

Група инвеститори од Абу Даби на американскиот боксер Флојд Мејвејдер му понуди 120 милиони долари, да прифати меч против Мaни Пакјао.

– Прочитав во медиумите дека понуда пораснала за десет милиони и сега таа изнесува 120 милиони долари. Во оваа прилика ќе ја потврдам таа информација, изјавил Акбар Мухамад, кој е на чело на групата инвеститори од Обединетите Арапски Емирати и кој своевремено соработувал и со легендарниот боксерски менаџер Дон Кинг.

Доколку Мејвејдер прифати да боксува со Пакјао заработката од 120 милиони долари би била историски рекордна, односно Американецот би станал првиот спортист во историјата кој за еден ден ќе заработи повеќе од 100 милиони долари.

– Ниеден спортист во историјата не ја минал магичната граница од 100 милиони за еден ден. А, доколку некој може да понуди повеќе од нашите 120 милиони за еден ден слободно нека го стори тоа, потенцира Мухамад, предизвикувајќи ги мултимилионерите да дадат поголема понуда.

Борбата која со нетрпение ја очекува целиот свет би можела да се случи напролет следната 2015 година во Абу Даби, како што впрочем побарал Американецот.

Љубителите на боксот веќе долго време посакуваат и очекуваат меч меѓу Мејвејдер и Пакјао, кој најблиску до остварување беше пред две години, кога беше предвидено боксерите да поделат 200 милиони долари, но до дуел не дојде бидејќи двете светски боксерски легенди не се договорија околу распределбата на парите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја