Мејведер победи, Пакјао ја освои публиката!

Од:

Флојд Мејведер на поени го победи Мани Пакјао во борбата на векот како што беше наречен нивниот меч во Лас Вегас и ги обедени титулите во велтер категорија.

Американецот Мејведер победата ја однесе со едногласна одлука на судиите 118-110, 116-112, 116-112 и стигна до титулите светски првак во велтер категорија во верзиите WBO, WBA, WBC и The Ring. Исто така 38-годишниот Мејведер остана непоразен во професионалната кариера забележувајќи ја 48-та победа.

За разлика од Мејведер, Пакјао го забележа шестиот пораз во профи кариерата во својот 65-ти меч.

Као што се превидуваше Мејведер клучната предност ја направи со одличната дефанзива, а кога напаѓаше беше далеку поопасен од противникот поради подолгите раце.

Мејведер погодил 146 од 435-те удари, додека тој однос кај Пакјао е далеку полош (81-429).

Инаку самиот меч беше далеку од ‘борбата на векот’, иако имеше неколку одлични моменти. Сепак свирежите кои ги доби Мејведер за време на победничкиот говор доволно говорат какво е мислењето на пбликата за оваа борба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја