Откако ги скина лигаментите на левото колено за време на тренингот во велеслалом, швајцарската скијачка Мелани Мејард ќе ги пропушти Зимските олимписки игри кои започнаа денеска во Пјонгчанг.
Мејард се смета за една од најголемите ривалки на Американката Михаела Шифрин. Таа во петок ќе мора да се врати во Швајцарија каде што ќе се подготвува за операција.
Ова ќе беше нејзин прв настап на Зимски олимписки игри.