Во драматична завршница на последниот дуел од шестото коло во регионалната кошаркарска АБА лига, екипата на Мега Лекс синоќа на свој терен ја победи Игокеа со 69:68.
Победничкиот тим беше ослабен со неиграњето на македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски.
Во оваа рунда гостинска победа запиша МЗТ Скопје Аеродром против Сутјеска со 77:68.
Резултати на другите натпревари играни во текот на викендот:
Задар – Тајфун 73:67,
Цибона – Партизан 63:57,
Крка – Металац 70:75,
Будуќност – Цедевита 76:66,
Црвена Звезда – Олимпија 73:77.
Табела: Будуќност 5-1 (победи-порази), Црвена Звезда 4-2, Олимпија 4-2, Цедевита 4-2, Мега Лекс 4-2, Игокеа 3-3, МЗТ Скопје Аеродром 3-3, Металац 3-3, Партизан 2-4, Задар 2-4, Цибона 2-4, Тајфун 2-4, Крка 2-4, Сутјеска 2-4.