Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, изрази разочарување по поразот од Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите.
Тој воедно му ја честита титулата евроpспки шампион на баварскиот тим.
– Жално е што не успеавме да ја завршиме сезоната со главната награда, но тоа е животот. Ја дадовме сета своја сила. Честитки до Баерн Минхен. И ви благодарам многу за поддршката, напиша Мбапе на социјалните мрежи.
Баерн синоќа во финалето на Лигата на шампионите во Лисабон со 1:0 го совлада ПСЖ.