Младиот талентиран голгетер на Монако, Килиан Мбапе верува дека неговата екипа може да го мине Јувентус во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Иако, францускиот тим во вечерашниот реванш натпревар против Јувентус, и тоа на гостински терен во Торино, ќе започне со негатива од 0:2 по првиот дуел, сепак 18-годишниот напаѓач на тимот од кнежевството, Мбапе верува дека Монако може да го елиминира Јувентус.
-Имавме чуден пат, од самиот почеток, од квалификациите до полуфиналето. Можеме да се справиме и со Јувентус, јас верувам во тоа. Знам дека тие го има Буфон, тој е фудбалер кој испиша историја, но јас секојдневно тренирам и се залагам како да го совладам, истакна Мбапе.
Голманот и капитен на Јувентус, Буфон е во фантастична серија, цели 621 минута не примил гол во Лигата на шампионите, а дали истата ќе ја продолжи за уште 90 минути ќе дознаеме вечерва по мечот против Монако, тим за кој Мбапе сезонава во елитното натпреварување постигна пет голови од кои два на гостински терен против Борусија Дортмунд.
Дуелот Јувентус – Монако ќе започне од 20 часот и 45 часот, термин во кој утревечер својата реванш полуфинална средба ќе ја имаат Атлетико и Реал.