Матеус го поддржа селекторот Лев

Од:

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус го поддржа селекторот Јоаким Лев и покрај серијата од лоши резултати на националниот тим.

Репрезентацијата на Германија синоќа во Париз беше совладана и од Франција, што претставува шести пораз годинава.

– Не треба да се сомневаме во Лев. Поразот е болен, но тимот одлично играше. Тој го докажа својот квалитет изминативе 12 години, а на последниот натпревар донесе одлуки кои одлично влијаеа врз играта, истакна Матеус.

Според него, германскиот фудбал се движи во вистинска насока.

– Мислам дека имаме модел, кој ќе ја однесе Германија повторно на врвот. Ми беше задоволство да го гледам тимот, особено во првото полувреме, наведе Матеус.

Германија со два порази и едно реми се наоѓа на последното место од групата А1 во Лигата на нациите, додека Франција е прва во истата група со две победи и едно реми.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Матеус: Ќе испаднеме од СП ако играме вака против Шпанија

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска