Маса најбрз на тренинг возењата во Кина

Од:

Пилотот на „Ферари“ Фелипе Маса оствари најдобар резултат на двата тренинга пред трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Кина.

Времето на Бразилецот на најбрзо извозениот круг во текот на вториот тренинг изнесуваше 1:35.717. По него следуваат Кими Раиконен од „Лотус“ и Фернандо Алонсо од „Ферари“.

На првото слободно возење најбрз беше Нико Розберг од „Мерцедес“ кој прв помина круг со време под 1:37.

На првиот тренинг се случи инцидент кога Серхио Перез при враќање во боксот на успеа да го сопре својот болид и удри во заштитните гуми. Од „Мекларен“ тврдат дека причина за излетувањето на нивниот возач се незагреаните гуми.

Квалификациите за трката ќе се возат утре, додека главната трка е в недела во 9 часот по македонско време.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин