Мартино и официјално нов тренер на Барселона

Од:

Аргентинскиот фудбалски стручњак Херардо Мартино од денеска е нов тренер на шпанскиот шампион Барселона.

Тој доаѓа на местото на Тито Виланова кој во петокот се повлече поради здравствени проблеми.

Новиот предводник на каталонскиот тим во својата тренерска кариера работел во аргентински и парагвајски клубови, а со репрезентацијата на Парагвај се пласира на Светското првенство 2010 година кое се одржа во Јужна Африка и на кое Парагвајците стигнаа до четвртфиналето што за нив е најголем успех на Мундијалите.

50-годишниот Мартино со Барселона потпиша двегодишен договор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска