Мартинез: Азар ќе ја промени иднината на шпанскиот фудбал

Од:

Тренерот на Белгија, Роберто Мартинез, е убеден дека Реал Мадрид направил вистински потег со Еден Азар.

– Тоа е ѕвездено засилување. Има многу играчи со талент да играат во Реал Мадрид, но нема толку многу кои можат да бидат лидери во еден клуб како овој. Еден Азар е личност. Тој има магија, карактер и менталитет на победник, рече шпанскиот тренер на „црвените ѓаволи“.

Според него, Азар е феномен во светскиот фудбал и ќе ја смени иднината на Ла Лига.

– Азар ќе ја смени иднината на шпанскиот фудбал. Тој даде лекција за трпение и вредности. Неговиот сон е да игра за Реал од дете бидејќи му се восхитувал на Зидан како фудбалер. Зидан и Азар сигурно ќе имаат посебен однос, со голема почит, заврши Мартинез.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска