Напаѓачот Антони Марсијал не верува дека Манчестер Јунајтед е очигледен фаворит против Пари Сен Жермен пред утрешниот осминафинален меч од Лигата на Шампионите помеѓу двата тима.
Првиот дуел ќе се одигра на „Олд Трафорд“ од 21 часот.
– Точно е дека се наоѓаме во добра форма и се радуваме дека Солскјер е со нас и не поддржува. Но сигурно не сме очигледен фаворит против ПСЖ. Тие се без некои од главните играчи, но тоа не значи дека се послаби. Тие во составот имаат некоимногу добри фудбалери. Очекувам добар меч и се надевам дека ние ќе излеземе како победници, изјави Марсијал пред натпреварот.