Марсело призна даночно затајување, ќе плати 750.000 евра

Од:

Бразилецот од Реал Мадрид, Марсело призна дека ги избегнувал даноците и се согласил да плати парична казна од 490.000 евра и да добие четири месеци затворска казна која нема да ја одлежи.

Вкупно Марсело ќе мора да плати 750.000 евра, бидејќи користел странски компании за пријавување на приходите и така го оштетил даночниот систем на Шпанија.

Фудбалерот на Реал нема да мора да оди во затвор, бидејќи тоа е негов прв прекршок, а според шпанскиот закон, само за пресуда над две години се оди во затвор.

За исти даночни престапи со шпанските власти претходно се спогодија Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Нејмар, Чабио Алонсо и други.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Легендата на Реал на сред меч му се внесе в лице на тренерот и му се закани – веднаш доби отказ

А1он

(ВИДЕО) Страшна повреда, Марсело му скрши нога на противник

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

ВИДЕО: Марсело со солзи во очите се збогуваше со Реал

А1он