Марота нема намера да го избрка Спалети

Од:

Генералниот директор на Интер, Џузепе Марота ги отфрли информациите дека клубот ќе го отпушти тренерот Лучијано Спалети.

Тој истакна дека никогаш во неговата кариера нема отпуштено тренер.

„Место на Спалети е заштитено. За 22 години како директор во Серија А, работев во Аталанта, Сампдорија и Јувентус. Никогаш не бркав тренери. Потребни се посебни услови за да ме принудат на такво нешто. А, такви услови не постојат. Спалети ќе го задржи своето место“, изјави Марота.

Интер под водство на Спалети во моментов се наоѓа на 3.место во Серија А со биланс од 12 победи, четири нерешени натпревари и шест порази во 22. кола.

Би можело да ве интересира

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Давиде Фратези е нoв играч на Интер

ВИДЕО: Општа тепачка по дербито на Јувентус и Интер

Предраг Петровиќ

Интер 10 пат по ред ќе има свој претставник во финалето на СП