Марота ја презеде должноста извршен директор на Интер

Од:

Џузепе Марота денеска официјално беше претставен како нов извршен директор на фудбалскиот клуб Интер.

Поранешниот висок раководител на Јувентус од денеска започна со работа во Интер, кој ќе се обиде да го врати на врвот во Италија.

Пред околу еден месец Марота го напушти Јувентус, по долги години минати во клубот.

– Од денеска сум дел од големиот Интер. Ова ме тера да се чувствувам многу горд. Ќе ја исполнувам важната функција на извршен директор. Ова е важен и одговорен предизвик во мојот професионален живот. Не се плашам. Започнуваме нешто ново и треба да излеземе како победници, прокоментира Марота.

Би можело да ве интересира

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Лаутаро Мартинез и Интер работат на продолжување на договорот

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз