Пливачот Марко Блажевски постави уште еден македонски рекорд. Овој пат го собори рекордот на 200 метри градно.
На пливачкиот митинг во Гринзборо во Северна Каролина, Блажевски делницата од 200 метри градно ја преплива за време од 2:18.14 минути. Овој резултат е за 4 секунди и 34 стотинки подобро остварување во однос од досегашниот рекорд на Дамјан Стојановски (2:22.48)
Блажевски, кој покажува дека е во одлична форма, пред десетина дена постави рекорд на 200 метри мешано со кој се избори за норма за настап на Светското првенство во Казан следната година.