Маркизио жали што не ја освоил Лигата на шампионите

Од:

Клаудио Маркизио на само 33 години реши да стави крај на фудбалската кариера, а денеска при официјалното објавување на одлуката, рече дека бил сакал да се преигра финалето на ЛШ од 2015 година.

Пред четири години, во битката за европската клупска титула, Барселона го победи Јувентус со 3:1, и тој пораз најмногу би сакал да не се случеше.

„Жал ми е што не освоив титула во ЛШ, и со Италија што не успеав на ЕП. Би сакал повторно да го играм финалето со Барселона во Берлин. Би сакал да се повтори еден дел од второто полувреме“ – рече Маркизио кој со Јуве загуби две финалиња во ЛШ, а освои седум титули во италијанското првенство. За италијанската репрезентација имаше 55 настапи.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска