Маркез го освои шпанското Гран При на Херез

Од:

Бранителот на титулата во Мото ГП, Марк Маркез со Хонда победи на трката за Гран При на Шпанија возена на патеката Херез со солидна предност, откако неговите тројца главни конкуренти Андреа Довициозо (Дукати), Дани Педроса (Хонда) и Хорхе Лоренцо (Дукати) се удрија меѓусебно на осум круга пред карираното знаме.

Од инцидентот, освен Маркез, профитираа и Јоан Зарко со Јамаха Тек 3 и Андреа Јаноне со Сузуки и се искачија на втората, односно третата позиција.

Во топ 5 влегоа и Италијанците Даниеле Петручи (Прамак Рејсинг) и Валентино Роси (Јамаха).

Несреќата во трката го промени значително генералниот пласман во Мото ГП по оваа четврта трка од почетокот на сезоната 2018. Маркез е лидер со 70 поени, следен од Зарко кој има 58, трет е Вињалес со 50, а по него е Јаноне со 57. Довициозо е петти со 56.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна