Марибор на Ибраими одигра нерешено, Баерн го доби дербито на вечерта

Од:

Во фудбалската Лига на шампиони синоќа се комплетираше 1.коло кое го одбележа дуелот на англискиот и германскиот шампион на кој победа оствари Баерн Минхен.

Екипата за која настапува македонскиот репрезентативец Агим Ибраими со гол во судиското надополнување се спаси од пораз. Ибраими го одигра целиот натпревар против Спортинг од Лисабон.

Најубедлив триумф со шест голови разлика во стартната рунда од елитното натпреварување забележа Порто.

Резултати на натпреварите од Лигата на шампионите одиграни синоќа:

Е група: Баерн Минхен – Манчестер Сити 1:0 и Рома – ЦСКА Москва 5:1.

Ф група: Ајакс – ПСЖ 1:1 и Барселона – АПОЕЛ 1:0.

Г група: Челзи – Шалке 1:1 и Марибор – Спортинг 1:1.

Х група: Атлетик Билбао – Шахтјор 0:0 и Порто – Бате Борисов 6:0.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска