Најдобриот светски тенсиер Енди Мареј по голема борба успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Барселона. Тој попладнево го совлада шпанскиот тенисер Алберт Рамос – Винолас со 2-1 во сетови, иако губеше со 1:0. Мечот траеше три часа.
Шпанецот го доби првиот сет со 6:2 во гемови, а Мареј беше подобар во вториот сет со 6:4. Во решавачкиот сет беше 7:6 за Мареј, а во тај брекот 7:4 на поени.
Во полуфиналето Мареј утре ќе игра против Доминик Тием од Австрија, кој го совлада Јуичи Сигута од Јапонија со 2-0 во сетови.
Во тек е четвртфиналето меѓу Рафаел Надал (Шпанија) и Хеонг Чунг (Јужна Кореја), додека во последниот денешен меч играат: Карен Качанов (Русија) и Хорасио Зебалос (Аргентина).