Мареј по 25. пат победи во пет сета

Од:

Поранешниот прв рекет на светот, Енди Мареј синоќа по безмалку четири часа игра, во второто коло на Вимблдон го победи Германецот Оскар Оте со 3:2, по сетови 6:3, 4:6, 4:6, 6:4, 6:2.

Мареј, кој беше подложен на замена на колкот во 2019 година, влезе во третото коло на Грен слемот, за прв пат по Вимблдон -2017. Оттогаш тој играше на главниот турнир само пет пати.

Против Оте Мареј, Британецот ја забележа својата 25-та победа во пет сета во кариерата (со 12 порази). Во однос на бројот на добиени мечеви во пет сета, тој влезе во најдобрите 30 во историјата на машкиот тенис.

За место во 1/8 финалето, шампионот од 2016 година ќе игра со јуниорскиот шампион во 2016 година, Денис Шаповалов.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ