Бекер: Мареј треба да биде пример за сите спортисти

Од:

Легендарниот Борис Бекер имаше само пофални зборови за Енди Мареј за сè што покажа поранешниот бр.1 на светот на УС Опен.

Мареј беше поразен во второто коло – подобар од него беше Феликс Оже-Алиасим со 6:2, 6:3, 6:4.

Претходно, Британецот го победи Јошихит Нишиоку во првото коло, откако заостануваше два сета и се соочи со меч топка.

– Енди Мареј треба да биде пример за сите спортисти. Тој е еден од најголемите борци. Освои три Гренд слема во својата кариера, не затоа што има најдобар сервис или форхенд, туку затоа што има најголемо срце. Кога е целосно подготвен, тоа е неговото најсилно богатство, вели Германецот.

УС Опен беше првиот Гренд слем во кој учествуваше Мари од Австралија опен минатата година.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ