Мареј нема да игра на Мастерсите во Шангај и Париз

Од:

Британскиот тенисер Енди Мареј нема да учествува на турнирите од Мастерс серијата во Шангај и во Париз.

Мареј оваа година се соочи со повреда на колкот и подолго време беше надвор од терените. Тој смета дека не е доволно подготвен за учество на сите силни турнири.

– Не сум во кондиција да играм на сите турнири. Ќе учествувам во Шенжен и Пекинг, по што ја завршувам сезоната. Ми треба повеќе време да се подготвам за идната година, изјави Мареј.

Поранешниот прв светски рекет во моментов се наоѓа на 311 место на АТП ранг листата.

Би можело да ве интересира

Надал се врати на тенискиот терен и загуби од Мареј

А1он

Мареј ќе го пропушти Дејвис купот

Ана Ололовска

Мареј по 25. пат победи во пет сета

Ана Ололовска

Мареј ќе настапи на Олимписките игри во Токио

Мареј доби вајлд-карта за Австралија опен

Ана Ололовска

Бекер: Мареј треба да биде пример за сите спортисти

Ана Ололовска