Енди Мареј објави пред Австралија Опен дека сонува само да игра на својот омилен турнир „Вимблдон“ ова лето и да се откаже засекогаш од тенисот.
Но, откако му беше вграден вештачки колк, Шкотот дури размислува да се врати на теренот. Ова го откри самиот тој пред неколку недели, охрабрен од фактот дека веќе постојаната болка во овој дел од телото е минато.
А сега, според неговиот брат Џејми, тој дури е умерен оптимист за враќањето, но се уште не дава конечни прогнози дали тоа ќе се случи.
– Мислам дека Енди е умерен оптимист во моментов. Едноставно не знаеше пред операцијата колку ќе биде способен да се врати на теренот и дали ќе може да го врати старото ниво. Мислам дека во моментов тој е само среќен што секој ден може да тренира и дека нема болка.
Прашањето е дали ќе може да се врати на претходното ниво. Зашто ако си бил на местото, на кое бил Енди, тешко ќе се помири да си само во Топ 40, да речеме. Тој сака да игра полуфинале и финале на „Мастерс“ и Гренд-слем турнири. Не сака само да учествува, изјави Џејми Мареј.
Тој додаде дека поранешниот бр.1 во светот имал средба со Боб Брајан, кој е единствениот друг тенисер со таква операција, но кој продолжува да игра на 41 година.
– Беше охрабрен. Да, едно е да играш во парови, другое оптоварувањето во сингл, но надежта е таму, изјави Џејми за својот брат.