Манчини не сака Серија „А“ да продолжи

Од:

Селекторот на Италија, Роберто Манчини изјави дека можеби е подобро за националниот тим доколку не се рестартира Серија „А“, но доколку тоа се случи, ќе се прилагоди на последиците што ќе ги донесе оваа сезона.

Италија беше првата европска земја која беше сериозно погодена од коронавирусот и некои од регионите во земјата веќе два месеци се во режим на блокада, а фудбалот на Апенините запре на 10 март.

„Да бидеме искрени, и јас сум „замрзнат“, ние сме дома веќе 60 дена и тие се доволни за некој да полуди. Се обидувам да тренирам наутро и ако времето е убаво, уживам во тоа од терасата на мојот дом. Секако, она што најмногу ми недостасува е да ги видам моите родители, и тоа е она што најмногу ме загрижува. Кога ги слушам приказните за луѓе кои не можат да се збогуваат со своите најблиски заради овој вирус, тоа ми го крши срцето“, рече Манчини за „Газета дело Спорт“.

Федерацијата и Серија А развиваат планови за продолжување на тренинзите и се надеваат дека ќе се играат натпревари кон крајот на мај или почетокот на јуни.

„Како италијански селектор би рекол дека, може е себично, е подобро Серија „А“ да не продолжи. Ќе биде подобро затоа што нема да има толку натпревари во текот на летото и играчите ќе можат да се одморат. Тогаш играчите, исто така, ќе бидат подложни на повреди. Сепак, знам дека не можат да дочекаат да се вратат на теренот и се надевам дека ќе можат да го сторат тоа многу брзо“, рече Манчини.

Италија требаше да игра на ЕП оваа година, но пандемијата наметна одложување на првенството.

„Имаме зафатен септември со Лигата на нации и квалификациите за Светскиот куп во 2022 година. Нема да биде лесно и можеби ќе треба да повикаме повеќе од 23-24 играчи. Се надевам дека тимот ќе продолжи да игра со квалитетот што луѓето го сакаат и секако дека ќе победуваме“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Симоне Пафунди собори рекорд стар еден век

Манчини: Македонија? Најтешкиот противник од четвртиот барабан