Манчини гледа напредок во играта на Италијанците

Од:

Италијанскиот селектор, Роберто Манчини гледа напредок во неговата екипа, и покрај нерешениот резултат 0:0 против Португалија на „Сан Сиро“.

– Во фудбалот реализираните шанси се важен детаљ. Доминиравме во играта, а потоа го намаливме темпото по 70-тата минута, што беше очекувано – не можевме да играме 90 минути во својата половина од теренот. Ова е чекор напред за нас, во споредба со натпреварот со Полска, бидејќи Португалија е посилен ривал. Целосно го контролиравме текот на играта, изјави Манчини.

„Азурите“ ја продолжија негативната тенденција тимот да игра неубедливо на свој терен. За првпат во својата историја, тие не успеаја да стигнат до победа во шест последователни домашни натпревари, што е нов анти-рекорд за репрезентацијата.

Би можело да ве интересира

Манчини: Мој личен избор е да ја напуштам функцијата селектор на Италија

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска