Манчестер Сити подготвува рекордни 114 милиони евра за Меси

Од:

Манчестер Сити се подготвува да го сруши трансфер рекордот во историјата на фудбалот и да му понуди 114 милиони евра на првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси.

Како што објави британски „Сан“ премиерлигашот веќе е во контакт со Барселона и аргентинскиот репрезентативец на кого му се нуди 910 илјади евра неделна плата.

Покрај високата сума, Сити смета и на пријателските односи на менаџерот Пеп Гвардиола со Меси, но и на фактот што Аргентинецот се уште не го има потпишано новиот договор со Каталонците.

Истиот извор објави дека Барселона изразила подготвеност да гу пушти Меси, кој веќе одби богата понуда од Кина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска