Екипите на Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа без голови 0:0 во првиот натпревар од полуфиналето во фудбалската Лига на шампиони.
На дуелот одигран синоќа на „Етихат’’ во Манчестер, првиот дел мина без поголеми возбудувања. Во второто полувреме Реал имaше три одлични шанси меѓу кои и онаа на Хесе кога топката заврши во гредата од голот на Харт.
Пропуштените можности на „Кралевите’’ можеше да ги казни Де Бруин во третата минута од судиското надополнение, но неговиот удар гостинскиот голман Навас успеа да го одбрани.
Така патникот во финалето во Милано закажано за 28 мај, ќе се решава на реванш дуелот кој ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу’’ во Мадрид следната среда (4 мај).
А, вечерва својот прв дуел од полуфиналето ќе го играат Атлетико Мадрид и Баерн Минхен.