Фудбалерите на Манчестер Сити се наоѓаат пред вистински тест во Лигата на шампионите, бидејќи гостуваат на „Камп Ноу“ кај Барселона. „Каталонците“ заедно со екипите на Наполи и на Атлетико Мадрид имаат по две победи на досега одиграните дуели и со евентуален триумф над „граѓаните“ ќе бидат многу блиску до првото место во групата.
Распоред на натпреварите од 3.коло кои се играат вечерва:
А група: Арсенал – Лудогорец и ПСЖ – Базел.
Табела: Арсенал 4, ПСЖ 4, Лудогорец 1, Базел 1.
Б група: Наполи – Бешикташ и Динамо Киев – Бенфика.
Табела: Наполи 6, Бешикташ 2, Динамо Киев 1, Бенфика 1.
Ц група: Селтик – Борусија Менхенгладбах – Барселона – Манчестер Сити.
Табела: Барселона 6, Манчестер Сити 4, Селтик 1, Борусија М. 0.
Д група: Ростов – Атлетико Мадрид и Баерн – ПСВ Ајндховен.
Табела: Атлетико Мадрид 6, Баерн 3, Ростов 1, ПСВ Ајндховен 1.
Почетокот на сите натпревари е во 20:45 часот.