Премиерлигашот Манчестер Јунајтед во баражот од Лигата на шампионите ќе игра против белгиската екипа Бриж за влез во групната фаза од ова натпреварување. Ова е секако една од најатрактивните двојки одредена на денешеното извлекување одржано во седиштето на УЕФА во Нион.
Двојки од баражот од Лигата на шампионите:
Астана – АПОЕЛ,
Скендербег – Динамо Загреб,
Селтик – Малме,
Базел – Макаби Тел Авив,
БАТЕ Борисов – Партизан,
Лацио – Баер Леверкузен,
Манчестер Јунајтед – Бриж,
Спортинг – ЦСКА Москва,
Рапид Виена – Шахтјор,
Валенсија – Монако.
Првите натпревари се играат на 18 и 19.август, а реванш дуелите се на 25 и 26.август.