Манчестер Јунајтед ќе го обновува тимот со дуо од Франција

Од:

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да привлече две од ѕвездите на француската Лига 1, тврди весникот „Мирор“. „Црвените ѓаволи“ сакаат да се засилат со напаѓачот на Лил, Никола Пепе и со полудефанзивецот на ПСЖ – Адриен Рабио.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер планира тотална промена во составот по разочарувачкото шестото место во крајниот пласман на Премиер лигата и во неговите планови влегува привлекувањето на Пепе, кој до сега има 21 гола и 12 асистенции за Лил. 23-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска може да игра како на врвот на нападот, така и по крилата, а Јунајтед ќе треба да извади околу 45 милиони фунти за неговите права.

Во исто време за трансфер на Рабио, Јунајтед нема да дава пари, бидејќи играчот е слободен агент. Фудбалерот сепак не играл за ПСЖ од декември, кога падна во немилост, одбивајќи да потпише нов договор. Но за него интерес има и од Јувентус.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска