Малага одигра нерешено на „Камп Ноу“

Од:

И покрај негативата од 2:1 на полувремето, фудбалерите на Малага останаа непоразени на гостувањето на „Камп Ноу“ против фаворизираната Барселона во еден од двата синоќешни натпревари во четвртфиналната фаза од Копа дел Реј.

Головите за домаќините ги постигнаа Лионел Меси (29.минута) и Карлес Пујол (30), а за Малага погодија Итура Урутиа (26) и Игнасио Камачо (90).

На вториот вчерашен дуел Сарагоса – Севиља 0:0.

Во вторникот Реал Мадрид – Валенсија 2:0.

Вечерва од 22 часот играат Атлетико Мадрид – Бетис.

Реванш натпреварите во четвртфиналето на Шпанскиот фудбалски куп се закажани за следната седмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска