Малага го изненади Атлетико Мадрид

Од:

Екипата на Малага направи изненадување со победата над фаворизираниот Атлетико Мадрид од 1:0 во последниот меч од 16.коло на шпанската Примера.

Стрелец на победничкиот гол на дуелот одигран синоќа во Малага беше Бразилецот, Чарлс де Оливеира на четири минути пред крајот.

Со оваа победа и новите три бода Малага направи скок на табелата од три места и сега е на 13.позиција, додека Атлетико за кој ова беше трет пораз сезонава пропушти шанса да го мине лидерот на табелата Барселона.

Резултати на другите натпревари од ова коло:
Валенсија – Хетафе 2:2,
Еспањол – Лас Палмас 1:0,
Бетис – Севиља 0:0, Депортиво Ла Коруња – Еибар 2:0,
Реал Мадрид – Рајо Ваљекано 10:2,
Сосиедад – Виљареал 0:2,
Гранада – Селта Виго 0:2 и
Атлетик Билбао – Леванте 2:0.

Натпреварот меѓу Спортинг Хихон и Барселона е одложен поради настап на Барселона во финалето на Светското клупско првенство.

Табела: Барселона 35 бодови (-1 натпревар), Атлетико Мадрид 35, Реал Мадрид 33, Селта Виго 31, Виљареал 30, Депортиво Ла Коруња 26, Атлетик Билбао 24…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска