Македонските одбојкари вечерва против Финска го отвораат ЕП

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 18 часот против кодомаќинот Финска во Тампере го започнува својот настап на Европското првенство.

Во своето второ учество на континенталните собири, „црвено – жолтите“ по втор пат во премиерниот натпревар ќе играат против финските одбојкари, кои на ЕП 2019 во неизвесен дуел победија со 3:1.

– (Финска) не е подобра репрезентација од нас, но сè ќе зависи од нашата верба, храброст и зрелост. Го гледав првиот натпревар со нив и навистина загубивме на ситни работи, а во нашата игра има можност за напредок уште 20 или 30 проценти. Доколку успееме да се подобриме за 10 проценти, мислам дека ќе ги победиме, изјави капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев спроти вечерашниот дуел.

Во второто коло македонските одбојкари ќе играат против Холандија (3 септември, 20 часот), во третото против Турција (5 септември, 14 часот), додека противник во четвртото коло ќе им биде репрезентацијата на Шпанија (6 септември, 17 часот). Натпреварите од групната фаза македонската репрезентација ќе ги комплетира на 8 септември против Русија со почеток од 17 часот.

Европско првенство, 32. по ред, ќе се игра во Финска, Естонија, Полска и Чешка, а финалето е закажано за 19 септември во Катовице.

Би можело да ве интересира

Одбојкарките на Работнички пред одбрана на титулата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Инцидент во Велес: Одбојкарите на Шкендија физички се пресметаа со навивачите

Предраг Петровиќ

Познати противниците на македонските одбојкари во Европската сребрена лига 2022

Ана Ололовска

ЕП: Турција пресилна за македонските одбојкари

Ана Ололовска

Македонските одбојкари денеска против фаворитот Турција на ЕП

Ана Ололовска

Николов: Размислуваме само на Финска

А1он