Македонските екипи претставници во фудбалската Лига Европа, денеска ќе ги играат реванш натпреварите од првото квалификациско коло.
Со најголеми шанси за прогрес во следната рунда се фудбалерите на Шкендија кои на гостувањето во Краков, кај полската Краковија ќе имаат почетна предност од 2:0 остварена на првиот меч во Скопје.
Работнички на гостувањето во Подгорица ќе мора да постигне најмалку гол против Будуќност, бидејќи црногорскиот претставник во Скопје извлече поволен резултат 1:1.
Во најнеповолна ситуација е Силекс кој на гостувањето во Лихтенштајн кај Вадуц го загуби првиот меч со 3:1, па на средбата во Скопје, екипата од Кратово ќе има тешка задача да ја надополни негативата од два гола.
Прв ќе почне натпреварот во Подгорица, Будуќност – Работнички во терминот од 19 часот. Еден час подоцна (20) се преостанатите две средби, Краковија – Шкениија и Силекс – Вадуц меч кој ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје.