Во организација на ЈПУЗПП „Јасен“ и Пливачката федерација на Македонија денеска ќе се одржи спортска манифестација „Македонскиот куп во далечинско пливање Козјак 2014“.
Во рамки на манифестацијата ќе бидат одржани неколку трки во далечинско натпреварување за различни старосни групи натпреварувачи и промотивна веслачка регата на Веслачката федерација на Македонија.
Покровител на спортската манифестацијае Владата на РМ, а ќе ја отвори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.