Македонската репрезентација пристигна во Брисел

Од:

Најдобрите македонски фудбалери попладнево пристигнаа во Брисел пред возвратниот натпревар против Белгија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство што во 2014 година ќе се одржи во Бразил.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, 40-члената делегација меѓу кои 21 репрезентативец со лет Скопје-Ајндховен допатуваа во холандскиот град од каде со автобус пристигнаа во белгиската и европска престолнина.
Нашиот национален тим е сместен во хотелот „Голден Тулип“ во близина на бриселскиот аеродром, каде веќе се сместија и се подготвуваат да го одржат првиот тренинг на терен во градчето Тубизе. Единствен проблем е што теренот на кој нашите репрезентативци е предвидено да тренираат е прекриен со снег, поради досега невидените ниски температури и снежни наноси во Кралството Белгија што не се забележани во последните неколку децении.

Тоа му ја отежнува на работата на селекторот Чедомир Јаневски во подготовката за остварувањето на неговите тактички замисли.
Дополнителна главоболка создава и податокот дека утрешниот тренинг, што според правилата на ФИФА, нашиот национален тим треба да го одржи на националниот стадион „Рои Бодуин“, е откажан и подготовката на репрезентацијата треба да се одржи на друго место поради тоа што Белгијците, со дозвола на Светската фудбалска асоцијација, ќе го чуваат теренот за средбата во вторник.

Интересно е дека на утрешниот тренинг на Македонија е најавено и присуство на белгискиот престолонаследник, принцот Филип, кој ќе дојде да ги поздрави популарните „рисови“ и да им посака среќа за претстојнито дуел со Белгија.

Поради жолти картони, во Брисел не допатуваа Бобан Грнчаров и Мухамед Демири, додека по суспензијата за претстојниот дуел се враќаат Даниел Георгиевски и Никола Глигоров.

Белгискиот селектор Марк Вилмотс, пак, на денешната прес-конференција во Брисел потврди дека е незадоволен од играта на одбраната и средниот ред на петочниот меч, па најави промени во составот за претстојниот дуел. Во тој поглед е најавено враќање во првиот тим на капитенот Венсан Компани.
Првата пресметка со Белгијците, во петокот, ја добија популарните „црвените ѓаволи“ со 2:0. Вториот меч меѓу двете репрезентации е закажан за вторник на стадионот „Рои Бодуин“ (поранешен „Хејсел“) со почеток во 20:45 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен најдобриот голфер на светот

Предраг Петровиќ

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска

„Спорт за сите“ – Спортски саем во Скопје

Ана Ололовска