Македонската Џиу-џица репрезентација на прием во АМС

Од:

Идните планови и актуелната состојба во џиу џица спортот кај нас и предизвиците со кои се соочува Федерацијата беа тема на разговор на денешната работна средба меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески со челниците и репрезентативците на Македонската Џиу-џица репрезентација.

Нашиот истакнат мајстор во џиу џица, Александар Ацевски, кој воедно е и претседател на Македонската џиу-џица Федерација, викендов на покана од Турската федерација одржа тридневен семинар во Истанбул, концепциски определени за самоодбрана од нож, но истовремено презентираше и други техники од џиу џицу. Реномираниот судија Зоран Ристевски, кој има важечка европска лиценца „Континентал „А““, пак, одржа семинар за судиска едукација и правила.

На средбата, на која присуствуваа и дел од репрезентативците, Ацевски ги презентираше успесите, како на клупско, така и на репрезентативно ниво, посочувајќи дека во последниот период освоени се преку 15 медали ширум Европа.

Спасески се интересираше за следните активности и за одржувањето на традицоналиот турнир „Скопје Опен 2015”, на чие отворање присуствуваше минатата година. Турнирот има одлична традиција и организација, а годинава во рамките на турнирот ќе се реализира и завршницата на Јадранската лига, каде учество ќе земат клубови и екипи од четири балкански држави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен најдобриот голфер на светот

Предраг Петровиќ

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска

„Спорт за сите“ – Спортски саем во Скопје

Ана Ололовска