По повод претстојниот подвиг на Илина Арсова – првата жена Македонка која ќе се обиде да го развиори македонското знаме на Монт Еверест, а пред нејзиното заминување кон Хималајските височини, во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа заедничка средба на Илина со сите оние (покровители, спонзори, поддржувачи), кои го помогнаа овој проект да се реализира.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, како покровители на овој проект, нагласи дека успехот во овој потфат ќе и донесе на Илина епитет на првата жена Македонка која го освои срцето на највисоката планина на светот, но и меѓународно ќе ја афирмира нашата земја.
Проектот „Прва Македонска жена на Монт Еверест“ е проект за подвигот кој што Илина Арсова ќе го реализира во периодот Април/Мај ова година. Арсова ги има освоено речиси сите највисоки врвови од другите континенти во светот.
На средбата, директорот Поповски го прочита и писмото на поддршка од Претседателот на Републиката, Др.Ѓорге Иванов:
„Претседателот на Републиката, Др.Ѓорге Иванов, во ова прилика и посакува многу среќа и успех на Илина Арсова и нејзината експедиција, во освојувањето на Монт Еверест. Тоа ќе биде големо достигнување за неа, за семејството, за нашиот спорт и за Република Македонија. Илина, сите те поддржуваме и ги стискаме палците за тебе. Вратете се живи и здрави и со успехот.
Извор: Факултети