Македонија У19 ќе одигра контролни натпревари со Полска и Англија

Од:

Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години ќе гостува во Полска и Англија каде ќе одигра два пријателски натпревари против соодветните селекции.

Првиот натпревар ќе се игра на 11 октомври во близина на Варшава против Полска, а на 16 октомври во Бирминген македонските фудбалери ќе се соочат со Англија.

– Како предводник на оваа репрезентација за мене ова е втора можност на натпревар да се уверам во квалитетите на селекцијата и индивидуалните можности на фудбалерите. За двата меча против Полска и Англија повикавме неколку нови фудбалери (Хајдари, Перчевски, Страторски, Јакимовски) во однос на претходниот собир и се надевам дека сите ќе ја оправдаат довербата на овие силни тест натпревари и ќе се борат за место во тимот на квалификациските натпревари. Во екипата се и Фазлагиќ и Чурлинов, првпат со мене како селектор, но тие се многу важна алка и исклучително потребни за секој меч. Квалификациите започнуваат на 14 ноември во Чешка и за нас е битно да имаме силни контролни дуели како двата што следуваат, изјави селектор Горан Станковски.

Тој за двата контролни натпревари ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Бојан ТИМЕВСКИ (Саса Каменица), Стефан ЈАКИМОВСКИ (Њу Старс); Одбрана: Зоран ИВАНОВСКИ (Академија Пандев), Адријан ХАЈДАРИ (Рапид Виена, Австрија), Филип АНТОВСКИ (Вардар),  Џејми ПЕРЧЕВСКИ (Фортуна Дизелдорф, Геманија), Стефан СИМОНОВСКИ (Генц Калемлер), Стефан НАУМЧЕСКИ (Вардар), Ангел СТРАТОРСКИ (Горица, Словенија); Среден ред: Анес ОСМАНОВСКИ (Унтерахинг, Германија), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Тренчин, Словачка), Али АДЕМ (Вардар), Енис ФАЗЛАГИЌ (Жилина, Словачка), Алекс ТАЛЕСКИ (Вардар); Напад:  Јакуп Бериша (Вардар), Марио НАУМОСКИ (Победа), Енсар ЉУМА (Шкендија), Марко Ѓоргиевски (Борец), Бојан Колевски (Борец), Дарко Чурлинов (Келн, Германија).

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Серијата апсења низ Англија, тројца мажи се обвинети за шпионажа

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава