Македонија тргна со победа, убедлив триумф над Финска

Од:

Ракометната репрезентација на Македонија со рутинска победа ги стартуваше квалификациите за ЕП 2022, триумфирајќи на мечот со Финска со убедливи 33-24.

Гостите парираа само петнаесетина минути, по што нашите ракометари создадоа удобна предност што рутински ја одржуваа до крајот. Брестовац им даде шанса на сите ракометари да се докажат во репрезентативниот дрес.

Кире Лазаров беше најдобар поединец на натпреварот со 11 погодоци, шест постигна Кузмановски, а по четири пати прецизни беа Маџовски и Пешевски. Македонија во сабота и гостува на Швајцарија во вториот дуел во битката за место на континенталниот собир во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ